
Isover VARIO® KM Duplex UV
Опис на производот
VARIO ® KM Duplex UV е многу цврста парна брана на полиамидна основа со варијабилен дифузиски отпор која овозможува сушење навнатре. Од едната страна е појачана со посебен стаклен воал. Графички обележана на стаклениот воал го олеснува сечењето и прицврстување на фолијата. Во текот на зимата VARIO ® KM Duplex UV е запечатена (има многу ниска пропусливост) и не дозволува пристап на водена пареа создадена во внатрешноста на објектот или структурните елементи на покривот или ѕидот. Во текот на летото, VARIO ® KM Duplex UV е пропустлив (има висока пропустливост), овозможува да помине водената пареа што произлегува од сушењето на дрвото. На овој начин се отстрануваат испарувањата од градежниот елемент и се избегнува нивна кондензација во нивните постудени области. Така, градежните елементи се одржуваат суви (особено дрвените) и се зголемува нивниот животен век. Во текот на целата година, мембраната му дава на градежниот елемент посебна воздушна затегнатост. На овој начин се избегнуваат значителни загуби на топлина во текот на зимата, како и ризик од кондензација на конструктивните елементи.
Подготовка и користење
Парна брана со подобрен ефект со исушување на полиамидна основа која го спречува продирањето на влага во конструкцијата во зима и допринесува до подобро сушење во лето. Ефикасно ги заштитува сите дрвени ѕидни конструкции, како и сите рамни и коси кровни конструкции од можни оштетувања предизвикани од влага.
Карактеристики
Цврста парна брана со варијабилен дифузиски отпор
Sd вредност во зима: 5,0 m
Sd вредност во лето: 0,3 m
Подрачје на примена:
- Надворешни ѕидови
- Коси кровови
- Подови на поткровје
Карактеристики
- Лесна за работа
- Избегнува акумулација на влага
- Лесна за монтажа, не токсична
- Придонесува за заштита на животната средина
- Долг животен век
- Отпорна на инсекти, глодари и паразити
- Хемиски неутрална, некорозивна
Технички информации за произвoдот:
Еурокласа реакција на пожар E
Максимална температура на користење -40; +80
Потрошувачка и пакување
Име | Должина (m) | Ширина (mm) | Дебелина (mm) | Packaging (m2) |
---|---|---|---|---|
ИмеISOVER Vario® KM Duplex UV | Должина (m)200 | Ширина (mm)1500 | Дебелина (mm)0.22 | Packaging (m2)30 |
ИмеISOVER Vario® KM Duplex UV | Должина (m)400 | Ширина (mm)1500 | Дебелина (mm)0.22 | Packaging (m2)60 |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.