Гипс-картонот може да издржи многу повеќе отколку што повеќето луѓе мислат. Со вистинските плочи и правилен систем, гипс-картонска преграда може да издржи значително повеќе од 100 kg.
Гипс-картон за големи оптоварувања и барани простори
Гипс-картонот со висока носивост решава две клучни прашања одеднаш: носивост и издржливост.
Користете го кога:
Сакате да монтирате телевизор, полици или кујнски шкафови
Гипс-картонот со висока носивост има специјално дизајнирано јадро кое овозможува прицврстување на тешки предмети директно во ѕидот – често без дополнително засилување.
Не знаете што ќе закачите во иднина
Денес огледало, утре библиотека? Со овој систем не мора однапред да планирате. Вашиот ѕид е подготвен за сè.
Сакате издржлив гипс-картонски ѕид што трае
Овие плочи имаат потврда површина од стандардниот гипс-картон, што ги прави поотпорни на оштетувања. Идеални се за простори со голем сообраќај како ходници, детски соби или јавни простори.
Rigips плочи со висока носивост
Совет од експерт
„Ако планирате да закачувате тешки предмети на гипс-картон, најдобро е однапред да ги знаете нивната големина и тежина. Тоа го одредува растојанието помеѓу профилите, бројот на слоеви и начинот на прицврстување. Нашиот технички тим на Rigips со задоволство ќе ви помогне.“
Каде да купите Rigips гипс-картонска плоча?
Нашите плочи и додатоци можете да ги купите преку мрежата на продажни места з