Rigips Hartfix завртка
Гипс завртка со тенка глава, изработена од челик, отпорен на корозија, TMN тип со контра навој под главата, за прицврстување на гипскартонски плочи со поголема густина, Rigips Habito, Rigips Fonic, на дрвена или челична потконструкција од профили со максимална дебелина на профилите од 0,75mm.
Rigips хартиена бандаж лента
Хартиена бандаж лента обезбедува засилена врска помеѓу масата за исполнување, гипс картонските плочи и други материјали со намален ризик за појава на пукнатини.
Rigips Крстаста спојка
Крстаста спојка за изведба на позиции каде се вкрстуваат CD профилите во дупла конструкција, за спуштен плафон со гипс картонски плочи.
Rigips Линиска спојка за CD профили
Линиска спојка за CD профили, за спуштен плафон од гипс картонски плочи, за CD профили монтирани на исто ниво но во два различни правци под агол од 90°.
Rigips нониус држач
Нониус држач, составен од неколку делови, горниот дел се фиксира за бетонска површина со DN 6 метален клин. Перфорациите во вертикалниот држач служат за подесување на саканата висина. Долниот дел од држачот се фискира на вертикалната перофорирана пружина со помош на нониус осигурувач.
Rigips плафонски клин DN6
Метална типла за прицврстување на монтажниот прибор за изведба на плафон.
Rigips PVC завршна лајсна
Rigips PVC завршна лајсна, достапна во ширина од 12,5mm, колку и дебелината на гипс картонски плочи. Се употребува за завршна обработка и обликување на аглите изработени од сите видови гипс каротнски плочи и изработка на детал скриено светло
Rigips RBI
Rigips® RBI е водоотпорна импрегрирана гипс-картонска плоча тип H2 обложена со зелена картонски обвивка.