
Опис на производот
weberprim deep е концетриран акрилен, длабоко пенетрирачки основен премаз кој се употребува за подготовка на критични површини пред нанесување на боја/глет маса, термоизолациони лепила, лепила за керамика. Производот се употребува на површини каде е потребна темелна егализација, пенетрирајќи длабоко во површината, ја зацврстува и импрегнира, зголемувајќи ги нејзините својства на водоодбојност и носивост. Може да се употребува за реновирање на стари како и за заштита на нови објекти, за внатрешни и надворешни позиции.
Карактеристики и предности
- длабоко пенетрира во критичната подлога
- се употребува пред нанесување на дисперзивна боја, глет маса, термоизолациони лепила, лепила за керамика
- ја егализира, стабилизира и зацврстува подлогата
- ја подобрува водообојноста
Потрошувачка и пакување
Име | палета (kg) | Тежина (kg) | Вкупна покриена површина |
---|---|---|---|
Имеweberprim deep канта | палета (kg)288 | Тежина (kg)3 | Вкупна покриена површина0.10 |
Имеweberprim deep канта | палета (kg)240 | Тежина (kg)1 | Вкупна покриена површина0.10 |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.
Калкулатор на потрошувачка
Овој калкулатор е направен за да ви помогне да направите приближна калкулација на количината на производот што ви е потребна за проектот.