
Опис на производот
webermur gletofix е маса за израмнување, глетување на внатрешни, цврсто малтерисани ѕидни површини како и гипс картонски плочи. Производот се одликува со исклучителна бела боја, лесен за нанесување и обработка. По сушењето на, нанесениот материјал може да се избруси со фина брусна хартија. Максималниот нанесен слој е до дебелина од 5mm.
- лесна за нанесување
- максимална препорачана вкупна дебелина до 5 mm
- продолжено отворено време за работа
Потрошувачка и пакување
Име | палета (kg) | Тежина (kg) | Вкупна покриена површина |
---|---|---|---|
Имеwebermur gletofix парче | палета (kg)1200 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина1.00 |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.
Калкулатор на потрошувачка
Овој калкулатор е направен за да ви помогне да направите приближна калкулација на количината на производот што ви е потребна за проектот.