
Опис на производот
webertec butyl tape 120 е самолеплива хидроизолациона лента изработена од бутилна гума, обложена со неткаен полипропилен од едната страна. Неткаениот полипропилен со својта релјефна структура обезедува одлична врска со сите цементни лепила за керамика и хидроизолациони премази. webertec butyl tape 120 се користи во системи за хидроизолација, за флексибилно премосутвање и хидроизолирање на дилатациони споеви пред поставување на плочки и природен камен.
Карактеристики и предности
- Едноставна и практична за апликација
- Заптива дилатациони споеви
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.