
Опис на производот
webertec D-protect е акрилна еднокомпонентна, подготвена хидроизолација наменета за внатрешни простори под керамички плочки. Идеална е за хидроизолација на ѕидни и подни површини, во влажни услови како во бањи, туш-кабини, кујни, јавни тоалети, како и покриени тераси и балкони. Не се препорачува да се користи на позиции кои се под директен или константен притисок од вода како на пример базени, рамни кровови, фонтани, непокриени балкони и тераси итн. Погодна е и за системи со подно греење.
webertec D-protect ги штити од влага чувствителните подлоги како што се гипсените ѕидови и плочки, калциум-сулфатните кошулици и други подлоги под влијание на влага. Производот не е погоден за користење на површини над стари керамички плочки, обоени површини, бетон и асфалт.
Карактеристики и предности
- погоден за внатрешна и надворешна употреба
- под керамички плочки во бањи, кујни, покриени тераси и балкони
- високо еластичен и брзоврзувачки подготвен премаз
Потрошувачка kg/m²
околу 0,6 kg/m²
Потрошувачка и пакување
Име | палета (kg) | Тежина (kg) | Вкупна покриена површина |
---|---|---|---|
Имеwebertect D-Protect канта | палета (kg)360 | Тежина (kg)5 | Вкупна покриена површина4.10 |
Имеwebertec D-Protect канта | палета (kg)480 | Тежина (kg)20 | Вкупна покриена површина16.60 |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.
Калкулатор на потрошувачка
Овој калкулатор е направен за да ви помогне да направите приближна калкулација на количината на производот што ви е потребна за проектот.