Опис на производот
webertec max tape 120 е хидроизолациона лента од полиетиленска мембрана, обложена со неткаен полипропилен за изолација на дилатационите, аголните и споевите во форма на фуга од различен материјал. Се користи во системи за хидроизолација за флексибилно премостување на споеви и дилатации пред поставување на плочки. Производот се вградува помеѓу два слоја хидроизолационен премаз. Поседува висока отпорност на ниски (-30°C) и високи (+90°C) температури, исто така поднесува и воден притисок повисок од 1,5 bar
Карактеристики и предности
- за внатрешна и надворешна примена
- висока еластичност и водоотпорност
- голема можност за истегнување и врзување
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.