
Опис на производот
webertene karbokul е мозаичен малтер на акрилна основа од повеќебојно мермерно зрно, наменет за трајна заштита на фасадните површини. Постојан е во сите временски услови. Поседува исклучителна паропропустливост и висока водоодбојност. Се користи како завршен слој за заштита и декорација на цокле. Може да се користи и за внатрешна употреба. Производот се нанесува исклучиво на вертикална површина. webertene karbokul не е погоден за површини кои се газат и површини изложени директно на вода. Производот не се препорачува за употреба на големи фасадни површини. webertene karbokul S е производ кој е достапен со светки.
Тон карта
|
|
|
|
Карактеристики и предности
- исклучително паропропустлив
- висока водоодбојност
- одлична заштита на подлогата
- достапен во поголем број на комбинации од зрна
- производ достапен со светки - webertene karbokul S
Потрошувачка и пакување
Име | палета (kg) | Тежина (kg) | Вкупна покриена површина |
---|---|---|---|
ИмеWebertene Karbokul парче | палета (kg)600 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина5.00 |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.
Калкулатор на потрошувачка
Овој калкулатор е направен за да ви помогне да направите приближна калкулација на количината на производот што ви е потребна за проектот.