
Опис на производот
webertherm family е лепило направено од цемент и висококвалитетени адитиви, збогатенo со полимери, се карактеризира со исклучителнa цврстина. Лесен за нанесување и обработка благодарение на фината гранулација.
Се користи за лепење и армирање на плочи од бел стиропор, минерална волна и стиродур на сите цементни подлоги, цигли и сипрекс блокови. Флексибилно лепило кое има одлична адхезија со подлогата на која се изведува Weber фасадниот систем. webertherm family не е завршен слој.
Карактеристики и предности
- флексибилно лепило збогатено со полимер
- исклучителна цврстина
- ускладено со австриска рецептура
- 10 години гаранција на фасадниот систем
- дел од фасадните системи webertherm family
- и webertherm freestyle
Потрошувачка и пакување
Име | палета (kg) | Тежина (kg) | Вкупна покриена површина |
---|---|---|---|
ИмеWebertherm Family лепење | палета (kg)1200 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина3.50 |
ИмеWebertherm Family армирање | палета (kg)1200 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина8.30 |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.
Калкулатор на потрошувачка
Овој калкулатор е направен за да ви помогне да направите приближна калкулација на количината на производот што ви е потребна за проектот.