
Опис на производот
weberton ExtraClean е високопокривна фасадна боја, која ги има сите предности на силиконските и силикатните фасадни бои. Благодарение на малиот процент органски материи кои ги има во бојата, на површината се создава електростатички набој и атмосферската прашина не се лепи на фасадата. Отпорна е на сите атмосферски влијанија, има висока покривна моќ и е светлостабилна. Првенствено се користи за одржување на фасади изработени со webertene ExtraClean фасаден малтер, но и за други минерални подлоги.
Карактеристики и предности
- природно отпорна на микроорганизми
- исклучително водоодбојна и паропропустлива
- посебно погодна за минерални подлоги
Потрошувачка kg/m²
0,25-0,4
Потрошувачка и пакување
Име | палета (kg) | Тежина (kg) | Вкупна покриена површина |
---|---|---|---|
Имеweberton ExtraClean канта | палета (kg)600 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина7.50 |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.
Калкулатор на потрошувачка
Овој калкулатор е направен за да ви помогне да направите приближна калкулација на количината на производот што ви е потребна за проектот.