
Опис на производот
webertene ExtraClean e тенкослоен декоративен малтер со прогресивен самочистечки ефект. Ги спојува сите позитивни страни на силиконските и силикатните малтери. Се користи кога се изработуваат нови, како и во тек на реконструкција, модернизација и реновирање на стари фасади. Може да се користи на места со високи, агресивни загадувања на воздухот кои ја оптоваруваат фасадата, како и на места со висока релативна влажност на воздухот.
Благодарение на своите карактеристики, влажност не се задржува на површината при што се онеспособува појавата на алги, влага и други микроорганизми на фасадната површина. Фасадата е истовремено хидрофобна и паропропустлива. Фасадниот малтер webertene ExtraCleanедноставно се нанесува и обравотува, достапен е во голем избор на нијанси во Weber тон карта. Нијанси со HBW индекс помал од 25% се користи исклучиво на мали површини. Овој фасаден декоративен малтер може да се употребува во фасаден систем со стиропор, графитен стиропор и камена волна.
Тон карта
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Карактеристики и предности
- самочистечки ефект
- намалена потрошувачка на материјал по m²
- природно отпорен на микроорганизми
- ги минимизира трошоците за идно одржување
- исклучителна паропропустливост
- водоодбоен
- дел од фасадиот систем webertherm ultra, webertherm family MW
Потрошувачка и пакување
Име | палета (kg) | Тежина (kg) | Вкупна покриена површина |
---|---|---|---|
Имеkratz 1.0mm | палета (kg)600 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина11.90 |
Имеkratz 1.5mm | палета (kg)600 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина10.00 |
Имеkratz 2.0mm | палета (kg)600 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина8.30 |
ИмеRille 1.5mm | палета (kg)600 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина10.80 |
ИмеRille 2.0mm | палета (kg)600 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина9.20 |
ИмеRille 3.0mm | палета (kg)600 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина7.10 |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.
Калкулатор на потрошувачка
Овој калкулатор е направен за да ви помогне да направите приближна калкулација на количината на производот што ви е потребна за проектот.