CBS International HQ, Белград, Србија

CBS

Проектот CBS International HQ со површина од 1.000 m2 се наоѓа во најновата зграда во комплексот Аеродром Сити Белград на највисокиот 11-ти кат.

Работниот простор е внимателно дизајниран и креиран, со многу природна светлина и алтернативни работни зони, прилагодени на тековните барања. Почитувајќи ги барањата на секое работно место, се внимаваше поединечните простори функционално и тематски да одговараат на секој сектор, односно на видот и динамиката на работата на секој вработен.

Во согласност со новите трендови, целта беше да се создаде еколошка и ефикасна работна средина која ќе биде функционална и удобна, но и инспиративна – која ќе ја поттикнува креативноста и продуктивноста на вработените, тимскиот дух и позитивната работна атмосфера.

Ова беше постигнато со комбинирање на стакло, специјални решенија со гипс картонски плочи Rigips ® Habito и  дизајни на внатрешни ѕидови помеѓу коридори и канцелариски единици, обложување на бетонски греди, монолитен спуштен таван во коридорите. Специјалната гипс плоча Rigips ® Habito  беше совршено решение за овој импресивен проект. Цврстината на плочата овозможува високи перформанси во звучната изолација, што ја прави исклучително апсорбирачка за звук до 68 dB. Rigips ® Habito нуди отпорност на механички удари, пожар и влага. Носечкиот капацитет на оваа плоча е она што го разликува Rigips ® Habito од другите гипсени плочи.