NV Tower, Софија, Бугарија

NV Tower

NV Tower е голем и мултифункционален проект на A&A Architects, лоциран во југоисточниот дел на Софија.

Зградата нуди првокласни канцеларии, луксузни станови и располага со голем  јавен простор: ресторани, трговски објекти, wellness и спортски центар, кровни градини и зелени тераси.

Внимателно осмислен, ултрамодерен и исполнет до најмалите детали, проектот за NV Tower има амбиција да биде „најзелената“  зграда и еден од позначајните проекти во главниот град, поставувајќи нови стандарди за удобност, функционалност и ергономија во урбаниот живот. Зградата ќе биде сертифицирана со LEED Gold сертификат, глобално признат симбол за постигнати стандарди во зелени и одржливи згради.

За NV Tower се користени различни системи за лесни преградни ѕидови и ѕидни облоги со Rіgірѕ Вluе Асоuѕtіс, за да можеме да ги исполниме исклучително високите барања за звучна изолација. Rіgірѕ Glаѕrос X е иновацијата што се користи во фасадите. Решенијата од ISOVER програмата со стаклена волна, камена волна и додатоци придонесуваат за природна изолација и акустична удобност во просториите.

Највидлив дел од производите и системите на Ѕаіnt-Gоbаіn се производите на Есорhоn и Еurосоuѕtіс. Големата конференциска сала нуди акустична и визуелна удобност благодарение на панелите Есорhоn Аkuѕtо Wаll и решенијата за тавани Есорhоn Ѕоmbrа. Просториите за спорт и медицинска рекреација внесуваат нова димензија со употребата на совршените акустични реѓенија за тавани Еurосоuѕtіс Тоngа. Богатата палета на бои помогна да се постигне софистициран ентериер со креативен архитектонски стил. Често малите детали се тие кои го разликуваат добриот од брилијантниот проект. NV Tower е пример за токму таков проект. Секој детал е добро обмислен и е во склад со современите трендови во мултифункционалните згради.