Кос кров со попречни греди и парапет

Парапет е вертикален ѕид на крајот од кровната косина – всушност се работи за продолжение на надворешниот ѕид на објектот во висина до под кровот – па на него се потпира кровната конструкција.
При уредувањето на поткровјето за живеење, висината на парапетот игра важна улога, бидејќи ако е потребен ѕид од 1 m или повеќе, потребно е истиот да се повлече подлабоко кон внатрешноста на потокровјето. Тој ѕид по правило е неносива сува конструкција од лесни, тенки плочи или сипорекс блокови.
Секако дека треба да се постави и целосна топлинска изолација на таванската плоча позади прапетот како би се постигнала целина без топлински мостови.
Изработка, чекор по чекор:

Дрвени конструкции
- Дрвени конструкции со опплата од 2,4 cm и потребна дебелина на изолационен материјал – минерална волна која може да биде во дебелини од 5 до 28 cm.
- Минералната волна се сече со нож за минерална волна на нето растојание помеѓу gredite со додавање од најмногу 1 cm.
- Линиските ознаки го олеснуваат точното сечење по мера дури и со обичен скалпел.

Поставување на топлинска изолација
- Поставете го изолациониот материјал во просторот, така што ќе се исполни целиот простор.
- Минералната волна ќе стои сигурно и постојано каде што е поставена, без дополнително прицврстување.

Попречни летви
- Поставете попречни летви на растојание од 59 cm.
- Минералната волна се изработува во соодветна ширина од 60 cm и служи како втор слој на топлинска изолација.
- Топлинската изолација може да биде 5, 8 или 10 cm.
- Вметнете ја минералната волна попречно во однос на роговите т.е. помеѓу летвите.

Поставување на парна брана
- Сега се поставува климатска мембрана Isover VARIO® KM Duplex UV.
- Залепете го преклопот (10-15 cm) од парната брана со помош на леплива трака Isover VARIO ® KB1 од системскиот пакет VARIO®.

Запривање на парната брана со заптивна маса VARIO
- Водете сметка за воздушно непропустливо заптивање на ѕидните споеви, со крајно внимателно лепење на фолијата, како и непропустливо заптивање на ѕидните споеви со помош на заптивната маса VARIO DoubleFit кај нерамни ѕидови и бетонски плочи, оџаци и др.
- Поставување на огноотпорни гипс плочи: Согласно законските прописи, поставете ги огноотпорните гипс плочи на летвите (REI 30 / REI 60).