Поправка на оштетени гипс-картонски површини

ПОПРАВКА НА ОШТЕТЕНИ ГИПС-КАРТОНСКИ ПОВРШИНИ

Доколку гипс-картонската плоча Rigips е оштетена на поголема површина, а оштетувањето не може да се поправи со едноставно пополнување (спојување) со некаков заптивен материјал, поправката мора да се изврши на следниот начин.

 

Подготовка

ПОПРАВКА НА ОШТЕТЕНИ ГИПС-КАРТОНСКИ ПОВРШИНИ
Чекор број еден

Земете парче од Rigips гипс-картонска плоча со иста дебелина како и оштетената, која што треба да се поправи. Големината на парчето треба да биде малку поголемо од самата оштетена површина. Со истото парче обележете околу оштетениот дел.

 

ПОПРАВКА НА ОШТЕТЕНИ ГИПС-КАРТОНСКИ ПОВРШИНИ
Чекор број два

Оштетената гипс-картонска плоча се отсекува внимателно по веќе обележаниот периметар од новото парче за санација. Отсеченото парче од оштетената плоча се отстранува внимателно. Ново настанатите ивици (при сечењето на оштетениот дел) се засекуваат во форма на “V” со помош на скалпел или ренде за ивици.

 
Чекор број три

Вметнете две парчиња CD-профил или дрвени летви во отворот и преку гипс-картонската плоча прицврстете ги со помош на шраф Тип 212.

ПОПРАВКА НА ОШТЕТЕНИ ГИПС-КАРТОНСКИ ПОВРШИНИ
Чекор број четири

Новото парче гипс-картонска плоча Rigips за санација (чии ивици мора да бидат обработени во форма “V”), се прицврстува со на шраф Тип 212 на поставените парчиња CD-профил или дрвените летви.

Чекор број пет

Споевите се пополнуваат со Rigips маса за фугирање Rigips Super, потоа од масата се распоредува околу споевите и се поставува бандаж лента, и уште еднаш преку ова се нанесува маса за фугирање, со кој што треба да се добие мазна површина.

 

ПОПРАВКА НА ОШТЕТЕНИ ГИПС-КАРТОНСКИ ПОВРШИНИ
Чекор број шест

Конечно, преку поправената површина се нанесува глет маса, која се обработува со голема глетарка и после сушењето се шмиргла за идеално мазна површина.

Оштетувањето на овој начин е корегирано и после нанесување на боја не се забележува.
 

Наша препорака

  • Доколку е потребно кога создавате косини и падови, користете производи специјализирани за израмнување на површините
  • При реновирање на подот на терасата, задолжително внимавајте на стабилноста, чистотата и јачината на подлогата!
  • Внимавајте на условите за нанесување: +5 °C до +35 °C
  • Обратете внимание на ветерот и сонцето, кои го скратуваат времето на стврднување на лепилото
  • Користете премази отпорни на мраз за надворешна употреба
  • Почитувајте ги дилатационите споеви
  • Пред употреба, внимателно прочитајте ги упатствата за употреба на производот