Поставување на електрични кутии

Со цел да се обезбедат електричните кутии исечете тркалезна дупка со круна за гипс-картонски плочи. Вметнете ја кутијата во отворот и прицврстете. Кутијата прво ја поставуваме на страната поплочена со Rigips гипс-картонска плоча на која е направен отворот. Пред затворањето на другата страна со Rigips гипс-картонска плоча се доведува електричната инсталација до електричната кутија.
Подготовка

Чекор број еден
- Доколку се работи за ѕидна облога, пред поставувањето на гипс-картонската плоча потребно е да се направи отворот со круна пред нејзиното поставување на профилите.

Чекор број два
- Потоа, пред самото фиксирање на гипс-картонската плоча Rigips извлечете ја електричната инсталација низ направениот отвор.

- Потоа електричната инсталација се провлекува низ електричната кутија, која сега веќе може да се фиксира на гипс-картонската плоча. Користете исклучиво електрични кутии наменети за фиксирање на ѕидови од гипс-картонски плочи.
Наша препорака
- Доколку е потребно кога создавате косини и падови, користете производи специјализирани за израмнување на површините
- При реновирање на подот на терасата, задолжително внимавајте на стабилноста, чистотата и јачината на подлогата!
- Внимавајте на условите за нанесување: +5 °C до +35 °C
- Обратете внимание на ветерот и сонцето, кои го скратуваат времето на стврднување на лепилото
- Користете премази отпорни на мраз за надворешна употреба
- Почитувајте ги дилатационите споеви
- Пред употреба, внимателно прочитајте ги упатствата за употреба на производот