3 min

Реставрација на стари фуги

 

Реставрацијата на фугите на плочките е често обемен процес. Откријте ги нашите совети како да ја подготвите површината, да ги одберете вистинските алатки и да ги фугирате плочките. Со Weber фуга заштитете ги површините од алги и мувла.

Прашања и предизвици

Отстранување на стари фуги

Пред да се нанесете нова фуга, потребно е целосно да се отстрани старата фуга во постоечките споеви, рачно или со помош на остар алат. Оваа задача, за која во минатото можеби ви требаа месеци да ја завршите, може да потрае само едно попладне, во зависност од големината на површината со плочки.

Ризик од оштетување на плочките

Механичкото отстранување на фугата со брусење би било небезбедно, неуредно и големи се шансите да се оштетат плочките. Иако можете да ја завршите оваа работа со рака, ќе ја олесните работата со купување на осцилирачки мулти-алат. 

Чистење на фугата
Joint cleaning
Чистење пред отстранување на фугата
  • За ефикасно да ја извршите работата за обновување на фугата, потребен ви е простор.
  • Отстранете го целиот мебел што може да ви смета за време на работата од просторот.
  • Темелно исчистете ја површината на постоечките фуги со абразивна крпа.
Отстранување на фугата со осцилирачка алатка
  • По чистењето на површината почнуваме да ја отстрануваме фугата.
  • Постојат рачни и електрични алати за вадење на фуга.
  • Поставете ја осцилирачката алатка со сечило специјално дизајнирано за фуги. Големината на главата од алатката е според материјалот за кој се користи(метал, дрво, плочка итн.).
  • Започнете со држење на алатот хоризонтално (или вертикално, во случај на вертикални фуги), вклучете го напојувањето и нежно притиснете го сечилото во фугата.
  • Оставете го електричниот алат да си ја заврши работата (не притискајте). Сечилото треба лесно да ја отстрани старата фуга. Можно е да ја оштетите плочката ако притиснете премногу силно.
Joint cleaning 2
Стружење на фугата со шрафцигер
  • Откако ќе истругате со електричниот алат, остатоците ќе може да ги отстраните со мал шрафцигер.
Joint cleaning 3
Отстранување на остатокот од фуга и чистење
  • Oстатоците што не се отстраниле и со шрафцигерот, може да ги отстраните со тап нож.
  • Исчистете ги празните места помеѓу плочките за да немате проблеми со нанесување на новата фуга.

Чистење на фугата

Подготовка на смесата и нанесување на масата
  • Пред употреба, подгответе ја фугата webercolor comfort.
  • Пополнете го спојот на плочките со Weber масата за фугирање webercolor comfort со помош на гумена глетарка.
  • Влечете ја гумената глетарка дијагонално, така што долниот дел од глетарката ќе биде притиснат на плочките за да го собере вишокот на маса за фугирање. 
Чистење на површината
  • Со врвот на прстот проверете дали е стврдната фугата за да го одредите најдоброто време за за да ја отстраните вишокот фуга од плочката.
  • По приближно 15 минути (фугата сè уште не е стврдната), чистете со влажен, но не премногу натопен сунѓер со кружни движења.
  • Чистењето е можно до 45 минути по нанесувањето (време зависи од условите за нанесување и видот на плочките).
  • Последната задача што ви останува при обновата на фугите е да ја исчистите површината на плочките.
  • Задолжително исчистете ги плочките со повлекување на сунѓерот дијагонално.

Потребен алат

  • Ел. осцилирачки алат, шрафцигер, секач, стругалка...
  • Абразивен сунѓер
  • Гумена глетарка
  • Сунѓер за чистење

Пакување и потрошувачка

Производ Пакување
webercolor comfort 2kg | 20kg