Ви ја претставуваме новата генерација минерална волна Isover - Lanaé

Isover - Lanaé

Водени од визијата за одржлива иднина, Isover ја лансираше Lanaé – нова генерација минерална волна со подобрени перформанси, минимална емисија на прашина и без непријатни мириси, пријатна за ракување и развиена со уште помало влијание врз животната средина. Оваа линија комбинира модерна технологија и одговорен пристап кон производството, обезбедувајќи сигурно решение за модерните барања за градба.

Lanaé е е новата генерација на минерална волна која се одликува со ново врзивно средство од органско потекло, без формалдехид, како и со висока содржина на рециклирано стакло. Нејзината препознатлива бела боја дополнително ја нагласува новата технологија зад производот. Посебно внимание се посветува на квалитетот на воздухот во затворен простор - сите производи од оваа линија ги исполнуваат највисоките стандарди, што е потврдено со сертификатот Eurofins Indoor Air Comfort Gold.

Новата генерација на изолација носи придобивки и за производителите и за крајните корисници. Благодарение на намалувањето на температурата и емисијата на прашина, ракувањето е едноставно и пријатно, без непријатни мириси и пецкање за време на инсталацијата. Во исто време, Lanaé обезбедува високо ниво на удобност, безбедност и долготрајни перформанси во просторот, што овозможува одржување на објектот.

Нов производ во понудата– Isover Lanaé AKUSTO PLUS

Како прв производ во рамките на Lanaé асортиманот, Isover AKUSTO PLUS првенствено е наменет за употреба во преградни ѕидови, каде што придонесува за подобра звучна и топлинска изолација на просторот.

Isover Lanaé AKUSTO PLUS ефикасно ја намалува пенетрацијата на бучавата и придонесува за повисоко ниво на акустична удобност во станбени и комерцијални простори. Со низок коефициент на топлинска спроводливост (λ = 0,037), истовремено обезбедува подобрена топлинска изолација.

Isover Lanaé AKUSTO PLUS претставува комбинација од одржливост, перформанси и удобност, претставувајќи модерно решение за поквалитетен и поздрав простор за живеење.