Brand
Внатрешни ѕидови

polikolor latex

Високо перива латекс боја за внатрешни ѕидови
Прочитај повеќе
Затвори
Високо перива латекс боја за внатрешни ѕидови
Лесно нанесување
Лесно обработливо

Опис на производот


weber polikolor latex e високо квалитетна боја на база на водена дисперзија и современи полимери отпорна на влажно бришење. Наменета е за боење на внатрешни ѕидови на станбено-деловни објекти, училишта, градинки, здравствени установи, болници, бањи и тоалети, кујни и во сите објекти во кои има барања за високо ниво на хигиена која се постигнува со чести миења на обоените површини со универзални средства за чистење. Може да се нанесува на сите површини кои се изглетувани со квалитетна глет маса за израмнување, на гипс картонски и цементни плочи, немалтерисан бетон и слично. Исто така, бојата може да се нанесува на стари бои кои се перливи и кои имаат добра адхезија со постоечката подлога. Пред нанесување на високо перивата боја weber polikolor latex, подлогата задолжително да се премачка со основниот премаз weberim prodloga.

Карактеристики и предности

  • високо квалитетна боја отпорна на влажно бришење
  • мазен мат завршен слој
  • голем број на нијанси

Потрошувачка и пакување

Articles information
Име палета (kg) Тежина (kg)
Имеweber polikolor latex-канта палета (kg)450 Тежина (kg)5
Имеweber polikolor latex-канта палета (kg)480 Тежина (kg)8
Имеweber polikolor latex-канта палета (kg)600 Тежина (kg)25

Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за 
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.

Видео

Документи за производот

Избери се
Atest-polikolor-Latex
TL_Polikolor_latex