
Rigips Сидро држач
Сидро држач, достапен во повеќе димензии, се прицврстува на дрвена конструкција за изведба на плафони во поткорoвје.

Rigips ударна типла
Ударна типла се употребува за прицврстување на CD/UD профилите во бетонски површини, подови или ѕидови, природен камен, полна цигла.

Rigips Verterba заоблени профили
Rigips Verterba заоблени профили изработени од галванизиран, некорозивен челик, со дебелина на ѕид од 0,6mm. Се употребуваат за изработка заоблени ѕидови, плафони и сводови.

Rigips завртка (брз шраф) 212 TN
Гипс завртка со тенка глава, изработена од челик, отпорен на корозија, за прицврстување на гипскартонски плочи на дрвена или челична потконструкција од профили со максимална дебелина на профилите од 0,75mm.

Rigips жица со окце
Жица со окце за прицврстување во масивни бетонски плочи со помош на метален клин, за изведба на CD конструкција за спуштен плафон.

RIGIPS® CONSTRUCT GIPS
RIGIPS® CONSTRUCT GIPS е маса на база на гипс која се употрбува за нивелирање на внатрешни површини, поправки, пополнување дупки, фиксирање на електрични инсталации.

Rigips® Duo Glet
Rigips® Duo Glet е гипс маса, 2 во 1, за израмнување и завршна обработка на внатрешни ѕидови и тавани, во дебелина на слој за нанесување од 2 mm до 10 mm.

RIGIPS® MODEL GIPS
RIGIPS® MODEL GIPS е гипсена прашкаста маса за моделирање, изработка на модели од гипс, првенствено нивелирање на површините во ентериерот.

Rigips® RFI
Rigips® RFI е огноотпорна импрегнирана гипс-картонска плоча тип DFH2 со стаклени влакна и адитиви кои на плочата и даваат посебни карактеристики за системи за заштита од пожар и влага, обложена со зелена картонска обвивка.