4 min

Како да се реновира фасадата?

crvenobela fasada

 

Со реновирање на фасадата,  ги бришете трагите на времето и создавате нов изглед на вашата градба. Важно е истовремено да знаете дека топлинската изолација е основен услов за удобност во просторот и за намалување на трошоците за енергија. Разубавете го вашето секојдневие со фасадните системи на Weber.

Како до успешен проект?
Планирање
planing
  • Овој чекор е клучен за да се процени цената и времето за изведба. Секогаш е идеално да вклучите фаза на планирање за да можете да го поминете ова искуство на мирен и организиран начин.
  • Не заборавајте да вклучите план за поставување на скелиња во планирањето за реновирање на фасадата.
  • Дефинирајте ги елементите како што се: методот на отстранување на старите материјали, избор на типот на нови материјали и избор на бои според вашите желби.
Инспекција и санација на подлогата
Инспекција и санација на подлогата
  • Пред поставување на нови материјали, потребно е да се провери носивоста, цврстината и впивливоста на подлогата. Секоја штета мора да се поправи.
  • Доколку се работи за обновување на старата фасада, потребно е да се отстранат сите неносечки делови.
  • Материјалот се отстранува до цврст и стабилен слој. Ова е важно за да подоцнежната работа се одвива непречено.
Импрегнација и монтажа на термоизолациони плочи
Импрегнација и монтажа на термоизолациони плочи
  • Кога фасадната подлога е подготвена, потребно е да се процени кој тип на прајмер е соодветен за нанесување
  • weberprim deep се користи ако подлогата многу впива (ѕидови од газобетон или ѕидови обработени со цемент или варовно-цементен малтер).
  • Weberprim podloga се користи ако подлогата е неапсорбирачка (армирано-бетонски ѕидови, клинкер тули, гипсени плочи, OSB плочи...)
  • Откако ќе се исуши импрегнацијата, можеме да почнеме да поставуваме термоизолациони плочи (стиропор, плочи од минерална камена волна Isover Profi Fassade).
  • Кога лепете термоизолациони плочи, користете webertherm specijal, webertherm family или webertherm prestige.
Механичко прицврстување на термоизолациони плочи
Механичко прицврстување на термоизолациони плочи
  • По поставувањето на термоизолационите плочи и сушењето на лепилото, фасадата треба дополнително да се фиксира со типли.
  • Бројот, видот и должината на типлите зависи од видот и дебелината на термоизолационите плочи, типот на подлогата и други фактори.
  • Се поставуваат 5-12 типли на м2.
  • Распоредот на типлите на фасадата може да биде во форма на буквите W или T, што зависи од типот на термоизолационите плочи.
  • Потребно е да се провери дали типлите се добро закотвени. Ако тие се премногу притиснати или не се силно прицврстени, мора да се отстранат и да се инсталираат нови.
Изработка на армирачки слој и нанесување на подлога
armiracki sloj
  • На прицврстената термоизолациона плоча со назабена глетарка нанесуваме слој webertherm prestige, во кој втиснуваме армирачка мрежичка 4x4 mm.
  • Армирачкиот слој продолжуваме да го правиме по сушењето на слојот во кој ја втиснавме армирачката мрежичка (24 часа).
  • Армирачката мрежичка webertherm armiracka mreza 145 gмора да биде до последната третина од дебелината на армирачкиот слој.
  • Дебелината на армирачкиот слој на термоизолационите плочи од стиропор (бел или графитен) е 3-5 mm.
  • Дебелината на армирачкиот слој на термоизолационите плочи од минерална камена волна Isover Profi Fassade е 5-7 mm.
  • По целосно сушење на армирачкиот слој (на 20 °C и 60% влажност на воздухот 1 mm/24 h), се нанесува подлога (прајмер) weberprim S&S G.
Завршен малтер
dekorativen malter
  • Сега вашата куќа е подготвена за блескав изглед!
  • Нанесете висококвалитетен Weber завршен малтер: webertene silicon, webertene ExtraClean, webertene silikat или webertene akrilputz.
  • Слојот не смее да се нанесува на температура под 5 °C во континуитет.
  • Завршниот малтер може да биде во гранулации од 1-3 mm (вообичаена гранулација е 1,5 mm или 2 mm).
  • По сушењето, вашата куќа конечно добива нов живот со одлична изолација која ќе ве заштити и ќе Ви заштеди пари.
  • Сè што треба да направите е да го исчистите просторот околу куќата за конечно да уживате во плодовите на вашиот труд.
  • Споделете го вашето прекрасно искуство за реновирање на фасадата со нас на Facebook.
    Наша препорака.
  • За целосна корисност од употребата, погледнете ги упатствата за користење на производот