
Rigips хартиена бандаж лента
Хартиена бандаж лента обезбедува засилена врска помеѓу масата за исполнување, гипс картонските плочи и други материјали со намален ризик за појава на пукнатини.

Rigips Крстаста спојка
Крстаста спојка за изведба на позиции каде се вкрстуваат CD профилите во дупла конструкција, за спуштен плафон со гипс картонски плочи.

Rigips Линиска спојка за CD профили
Линиска спојка за CD профили, за спуштен плафон од гипс картонски плочи, за CD профили монтирани на исто ниво но во два различни правци под агол од 90°.

Rigips нониус држач
Нониус држач, составен од неколку делови, горниот дел се фиксира за бетонска површина со DN 6 метален клин. Перфорациите во вертикалниот држач служат за подесување на саканата висина. Долниот дел од држачот се фискира на вертикалната перофорирана пружина со помош на нониус осигурувач.

Rigips PVC завршна лајсна
Rigips PVC завршна лајсна, достапна во ширина од 12,5mm, колку и дебелината на гипс картонски плочи. Се употребува за завршна обработка и обликување на аглите изработени од сите видови гипс каротнски плочи и изработка на детал скриено светло

Rigips регулирачки држач за CD
Регулирачки држач за CD профил, изработен од галванизиран челик, дебелина 0,8mm.

Rigips самолеплива бандаж лента
Самолеплива бандаж лента за бандажирање на споевите помеѓу гипс картонски плочи. Достапна во должина од 45m и 90m.

Rigips самолеплива звучноизолациона бандаж лента
Звучноизолациона самолеплива бандаж лента, изработена од (PE), експандиран полиетилен, наменета за монтирање на површини профили кои доаѓаат во допир со масивни бетонски површини, бетонски подови и ѕидови.