
CLIMAFIT PROTECTO
Climafit Protecto е иновативна плоча со 99,99% заштита од електромагнетни зрачења.

Rigiprofil® UW и CW профили
Rigips UW и CW профили изработени од галванизиран, некорозивен челик, перфорирани по целата површина за дополнителна механичка цврстина споредено со профили кои имаат мазна, рамна површина. Се употребуваат за изведба преградни ѕидови, облоги и во систем со акустични перформанси.

Rigips ® Habito
Rigips® Habito е специјална иновативна цврста, носива и акустична гипс плоча тип DFRI отпорна на удари, идеална за внатрешни и преградни ѕидови.

Rigips аголна хартиена лента засилена со алуминиумска пружина
Rigips аголна хартиена лента засилена со алуминиумска пружина за внатрешна и надворешна обработка на агли.

Rigips алуминиумска аголна лајсна
Алуминиумски аголен профил, перфориран по цела должина за надворешни агли изработени од гипс картонски плочи или ѕидани површини. Профилот е во облик на латинска буква L, под прав агол, овозможувајки идеални прави агли заштитени од механички оштетувања.

Rigips бандаж лента со стаклени влакна
Бандаж лента со стаклени влакна за споеви помеѓу гипс картонските плочи. Отпорна на повисока релативна влажност, абсорбира помала количина на вода од масите за исполнување. Достапна во ролна од 25m.

Rigips Hartfix завртка
Гипс завртка со тенка глава, изработена од челик, отпорен на корозија, TMN тип со контра навој под главата, за прицврстување на гипскартонски плочи со поголема густина, Rigips Habito, Rigips Fonic, на дрвена или челична потконструкција од профили со максимална дебелина на профилите од 0,75mm.

Rigips хартиена бандаж лента
Хартиена бандаж лента обезбедува засилена врска помеѓу масата за исполнување, гипс картонските плочи и други материјали со намален ризик за појава на пукнатини.

Rigips нониус држач
Нониус држач, составен од неколку делови, горниот дел се фиксира за бетонска површина со DN 6 метален клин. Перфорациите во вертикалниот држач служат за подесување на саканата висина. Долниот дел од држачот се фискира на вертикалната перофорирана пружина со помош на нониус осигурувач.
-
Previous page
- Current page 1
- Page 2
- Page 3
- Page 4
- Next page