
Rigips PVC завршна лајсна
Rigips PVC завршна лајсна, достапна во ширина од 12,5mm, колку и дебелината на гипс картонски плочи. Се употребува за завршна обработка и обликување на аглите изработени од сите видови гипс каротнски плочи и изработка на детал скриено светло

Rigips самолеплива бандаж лента
Самолеплива бандаж лента за бандажирање на споевите помеѓу гипс картонски плочи. Достапна во должина од 45m и 90m.

Rigips самолеплива звучноизолациона бандаж лента
Звучноизолациона самолеплива бандаж лента, изработена од (PE), експандиран полиетилен, наменета за монтирање на површини профили кои доаѓаат во допир со масивни бетонски површини, бетонски подови и ѕидови.

Rigips саморезен шраф со крупен завој 221 ТB
Саморезен шраф направен од челик, отпорен на корозија. За прицврсување на гипс картонски плочи на метална конструкција со дебелина на профил од 0,75mm до 2,5mm. Достапен во неколку димензии кои се одбираат во согласност со дебелината на таблата/таблите кои треба да се прицврстат на конструкцијата.

Rigips саморезен шраф со крупен завој Ridurit
Ridurit, саморезен шраф, со крупен завој, направен од челик, отпорен на корозија. За прицврсување на гипс картонски плочи, специјални плочи, плочи засилени со стаклени влакна до конструкција од дрво или метал, специфични позиции во објектот.

Rigips саморезен шраф Wf.Hd 421
Специфична завртка од галванизиран челик, во сива боја, со полу заоблена глава.

Rigips ударна типла
Ударна типла се употребува за прицврстување на CD/UD профилите во бетонски површини, подови или ѕидови, природен камен, полна цигла.

Rigips Verterba заоблени профили
Rigips Verterba заоблени профили изработени од галванизиран, некорозивен челик, со дебелина на ѕид од 0,6mm. Се употребуваат за изработка заоблени ѕидови, плафони и сводови.