4 min

Како да се реновира бањата?

BATH

 

Како едно од најважните влажни места во домот, бањата мора да биде ослободена од протекување на вода и влага. Изборот на квалитетни материјали ќе ви помогне да ја направите бањата „поздрава“, а вие да бидете поопуштени. Ви нудиме опции кои се совршено комбинирани една со друга и ви гарантираат идеален и квалитетен резултат за вашата бања.

Како еден проект да биде успешен?

Planning
Планирање
  • Еден од најважните чекори во процесот на реновирање на бањата е планирањето, со цел за да се процени цената и времето кое е потребно за изведба. На тој начин се намалува можноста да се појават дополнителни проблеми при реновирањето, и целиот процес да биде контролиран.
  • Размислете за работите како осветлување, греење, снабдување со вода, електрична енергија и гас.
  • Дизајнот зависи од вашите желби, но и од просторните услови. Можете да ја промените положбата на мебелот, мијалникот, славината според сопствените желби. Покрај тоа, можете да одлучите да ја замените кадата со туш кабина или обратно доколку сакате повеќе простор.
Demolition
Уривање и чистење
  • За реновирање на бањата важно е однапред да одлучите каков ќе биде распоредот и што ќе оставите, а што ќе фрлите. Отстранете го она што не ви треба.
  • Неопходно е да се обезбеди депонирање на отпадот за да ја одржуваме нашата животна средина чиста и да имаме место за извршување на работата.
  • Доколку има проблем со инсталациите за време на адаптацијата, потребно е да се поправат.
  • Доколку инсталациите се стари, во секој случај би било добро да се заменат.
Walls
Порамнување на подови и ѕидови
  • Потребно е да се израмнат ѕидовите и подот при реновирањето на бањата пред да се постави избраниот тип на облога.
  • Пред нанесување на масите за израмнување, површините мора да се исчистат од прашина и други нечистотии.
  • Изберете ја самонивелирачката Weber маса за израмнување weberniv razilit plus на подот во зависност од дебелината на наносот и видот на површината. Се нанесува на целата површина за да се избегнат недоследности во рамнината на површината.
  • При израмнување на ѕидовите користете една од Weber глет масите.
Waterproofing
Хидроизолација
  • Алгите и мувлата се едни од најтешките проблеми за искоренување и најчесто растат на рабовите на плочките поради влагата. При реновирање на бањата, треба да размислите како да ја намалите можноста за нивна појава.
  • За да добиете водоотпорни подови и ѕидови, препорачуваме нанесување на прајмер weberprim 813, а потоа webertec Superflex D2 или webertec D-max 2K хидроизолација во два слоја.
  • Аглите, дилатациите, како и преодните зони на материјалот, треба да се зајакнат со еластичен водоотпорен сет webertec 828, потопен во првиот слој на webertec Superflex D2 или webertec D-max 2K.
  • Откако водоотпорната мембрана целосно ќе се исуши, можете да ги поставите саканите облоги (приближно за 24 часа).
Glue
Лепење плочки
  • Помогнете си дополнително во спречувањетона продирањето на влагата со поставување плочки или камен.
  • Со помош на Weber лепило за плочки webercol Superflex или webercol Tixogel flex или webercol flex plus, поставете керамички или гранитни плочки на површината.
  • За поставување на лесен природен камен или стаклен мозаик, препорачуваме користење на webercol Crystal Tixogel лепило за плочки.
Pairing
Фугирање
  • Со помош на гумена глетарка исполнете ги споевите на плочките со Weber масата за фугирање webercolor comfort. Влечете ја гумената мистрија дијагонално, така што долниот дел од глетарката ќе биде притиснат на плочките за да го собере вишокот на маса за фугирање.
  • Со врвот на прстот проверете го стврднувањето на фугата за да го одредите најдоброто време за измивање на фугата од плочката.
  • Кога чистите со влажен сунѓер, измазнете ги фугите со кружни движења. После тоа, измијте ја површината на плочките со повлекување на сунѓерот дијагонално.
Final work
Завршни работи
  • За да ги силиконирате мијалниците, кадите/туш кабините и другите делови што треба да се силиконизираат, користете силикон weberseal sanitar.
  • Потоа исчистете, ставете ги светилките, мебелот, апаратите и се што планиравте за декорација.
  • Откако ќе се завршат сите дејства во бањата, се менуваат славините и приклучоците.
  • Споделете го вашето искуство со реновирање на бањата со нас на Facebook.

Наша препорака

  • За целата област на употреба, погледнете ги упатствата за употреба на производот